Thermal bridge

ШТО СЕ ТОА ТОПЛИНСКИ МОСТОВИ?

Picture3

Ви се појавува ли влага (мувла) по ѕидовите, на и околу прозорците?
Дали подот блиску до терасите во зима е непријатно студен?
Имате ли чувство дека низ ѕидот или низ прозорците дува? Дали трошоците за греење Ви се големи?

И покрај направената „добра“ изолација на фасадата, сепак постојат места кои без посебни мерки не е можно доволно да се изолираат. Како на пример бетонските плочи од терасите, аглите на објектот, слемето и стреите на кровот, околу прозорците и вратите, разни бетонски елементи (греди, надвратници, натпрозорници и сл.)... Ваквите „слаби“ места во обвивката на објектот се викаат топлински мостови.

Загубите на енергија низ топлинските мостови можат да бидат огромни (30% до 70% од вкупните загуби во објектот), а често допринесуваат и за појава на мувла и влага на ѕидовите и по прозорците.

Намалувањето на топлинските мостови е од исклучителна важност за економичноста, но и за здравјето на луѓето. Со „мали тајни и големо знаење“, при монтажата на прозорците, при изведбата на бетонските плочи од терасите и при изработка на топлинската изолација на фасадата, можно е скоро целосно елиминирање на топлинските мостови.

Picture5