Градежна дијагностика

Како што луѓето во текот на животот имаат потреба од медицински интервенции, така и кај градбите со текот на експлатација и користење па и градење се јавува потреба од „лекување“. За да може да се третира конкретно зафатена дел од телото, во медицината е неопходно најнапред да се воспостави соодветна дијагноза. Многу слична е ситуацијата и со градбите, објектите, домовите. За да знаеме што треба да превземеме за санација неопходно е да предходи ДИЈАГНОСТИЦИРАЊЕ.Stetoscope

Што е ГРАДЕЖНА ДИЈАГНОСТИКА?

Документирано стручно мислење дадено врз база на визуелна оценка поткрепена со оперативни тестирања на просторот/ објектот и неговите системи и компоненти, со цел утврдување на нивната моментална состојба. ГРАДЕЖНАТА ДИЈАГНОСТИКА е многу благодарна, исплатлива и полезна услуга бидејќи со дијагностицирање од само неколку часа може да бидат откриени проблемите на оние станари или сопственици на објекти со кои што тие во периодот на експлоатација на објектите се соочуваат а не се во состојба да најдат соодветно решение за нивно надминување. Истотака може да помогне на потенцијални купувачи да донесат одлука за купување на недвижност која што ќе биде поткрепена со точни и конкретни информации за објектот.

Може да се врши и во објектите во кои веќе живеете или работите, доколку имате преголеми трошоци за загревање или ладење, или пак едноставно сакате да знаете во какви услови го поминувате денот. Имаме знаење, опрема и материјали, да предложиме како или да ги поправите откриените недостатоци, со што сериозно ќе се намалат трошоците, а ќе се подобри удобноста во објектите.

Како се одвива една ГРАДЕЖНА ДИЈАГНОСТИКА?

Стандардно дијагностицирање почнува со доставено барање за оваа услуга од страна на клиент. Цената на чинење на инспекцијата се утврдува врз основа на квадратурата и типот на објектот.

ЦИВКОН АГИ препорачува клиентите да пристуствуваат на инспекцијата. Една дијагностика може да трае од два до четири часа, а некогаш и подолго.

Вршителот на дијагностиката ја разгледува надворешноста на објектот (вклучувајќи ја и гаражата доколку ја има). Потоа испитувањето продолжува во внатрешноста на објектот. Во внатрешното испитување вклучени се просторот за живеење, подрум и доколку се пристапни, поткровја или тавани. На крајот од дијагностиката, вршителот и клиентот ги прегледуваат наодите. ЦИВКОН АГИ во рок од три дена од извршеното испитување изготвува писмен извештај и истиот го предава на клиентот. Со изготвениот извештај, клиентот ќе добие и предлог решение за отстранување на откриените аномалии.

Како ГРАДЕЖНИ ДОКТОРИ Ви ги нудиме и следните поединечни услуги

ИЦ Термографија

TermografijaИнфрацрвената Термографија е една од најсофистицираните дијагностички методи за превенција и откривање на огромен број на аномалии и дефекти кај објектите, инсталациите, опремата и машините.
Наизглед лесна и едноставна процедура, но се работи за високостручна и софистицирана метода, за која е потребен едуциран кадар и врвна опрема.

Mетода веќе позната на нашиот пазар, но нејзината погрешна примена и користењето на несоодветна и неквалитетна опрема, во најчест случај не ги дава реалните резултати и вистинските состојби на објектот. Во комнбинација со други инструменти, овозможува откривање на топлинските мостови, лоцирањето на потенцијално ризичните места за појава на конденз и мувла, откривање на места на продор на вода во подруми и низ кровови, проблеми во електричните и машинските инсталации, лоцирање на скриени протекувања во ѕидови и подови и друго.

Повеќе:

pdf download

Мувла

Една од одомаќинетите заблуди, а е поврзана со многу чест проблем на нашите граѓани, е дека мувлата е резултат на влагата и непроветреноста. Мувлата претставува температурен феномен. На пример, во една просторија каде температурата е 20-тина степени целзиусови, со нормална влажност на воздухот, мувлата ќе се појави само на местата каде температурата на површината ќе биде 11,7 степени Целзиусови. А доколку пак температурата на површините дојде на под 6 степени целзиусови, тогаш доаѓа до кондензација.

Со методата MOLD INSPECTION ги детектираме сите потенцијални места за појава на мувла, влага или конденз, ги откриваме причините за проблемот и ги лекуваме проблемите. Ова го правиме уште пред проблемот да се појави, во текот на изградбата, но и кога веќе постои можеме да го решиме.

Enclosure Integrity Test

Просториите или објектите во кои се наоѓа софистицирана електронска опрема или машини, или пак во нив се одвиваат сложени технолошки процеси, не смеат да бидат подложени на противпожарна заштита со течности. Во овие простории се употребуваат противпожарни системи кои користат разни гасови. Вакви потреби се јавуваат кај сервер соби, големи компјутерски системи, операциони сали и соби за интензивна нега во болниците и други објекти со специфични намени.

Со методата ENCLOSURE INTEGRITY TEST се контролира запечатеноста на една просторија. Заради ефикасноста на гасните противпожарни системи, од исклучителна важност е просторот да е добро херметизиран, за да се задржи потребната концентрација на гас, во потребниот период, како што е тоа случајот кај предходно наведениот тип на простории. Со овој тест се проверува ефикасноста на противпожарниот систем за таквите простории и објекти и тоа од повеќе аспекти. Она што е најважно, ги открива и лоцира сите потенцијални проблеми, заради кои противпожарниот гасен систем може да затаи токму кога е тоа најважно.

Повеќе може да прочитате тука:

pdf download

Duct Test

duct blasterAIRLEAKAGE DUCT ТЕСТ претставува дијагностичка метода за мерење на воздухонепропустливоста на каналите од системите за вентилација,греење и ладење (HVAC). Информациите добиени од оваа дијагностичка метода се драгоцени при обидите за заштеда на енергија.

Зошто е препорачливо да се прави?

- Штеди енергија

  • 10-30% од загреаниот/oладениот воздух се губи низ вентилацискитеDuct test 3 канали
  • Вентилациски канали кои што „протекуваат“ не испорачуваат воздух онаму каде што е потребно
  • Протекувачи канали дополнително го оптоваруваат системот

- Квалитетот на внатрешниот воздух

  • Низ местата на протекување може да се повлече воздух од неконтролирани простори, предизвикувајќи проблеми со влажност и загадувањеDuct test 2

Blower Door Test

Blower door 2
 Hexagon 1

Метода, со која се мери воздухонепропустливоста (нивото за затнатост) на објектот, како кон надвор, така и помеѓу спратови или различни сектори од објектот. Степенот на запечатеност дирекно влијае врз трошоците за греење и ладење, врз удобноста во објектот, врз продорот на разни миризби, загаден воздух, инсекти и глодари во и низ објектот, врз можноста од појава на конденз и мувла, а посебно големо влијание има врз ефикасноста на системите за вентилација, греење и ладење. Но и премногу затнат објект, доколку нема соодветен пристап кон вентилирањето, може да доведе до сериозни проблеми по објектите и здравјето на луѓето.

Blower Door Test and Air Leakage Inspection by Civkon AGI

Повеќе:
pdf download

 

 

 

 

 

 

 

Air Leakage Inspection

Воздухонепропустливоста кај нас е најзапоставениот дел од мерките за постигнување на енергетска ефикасност и висока удобност во објектите, од две причини. Првата е дека прописите во Македонија воопшто не ја обработуваат оваа проблематика, а второ бидејки познавањата на градежниците за оваа тема се многу мали, а често и никакви.

Метода за изнаоѓање на местата низ кои продира воздух, иако вратите и прозорците се затворени. Лошата затнатост на обвивката на објектот е причина за големи загуби на енергија, појава на мувла и конденз, непријатен провев, продор на загаден воздух, миризби, влегување на инсекти и глодари. Но лошата затнатост и помеѓу спратови и делови од објектите, ги носи истите проблеми, посебно кај висококатниците и објектите со големи површини.

Повеќе:

pdf download

Водонепропустливост

facade imgТестирањето на фасадите, фасадните елементи, прозорците и други делови од фасадната и кровна обвивка на објектите е од исклучителна важност.

Метода за тестирање на водонепропустливоста на прозорци, фасади и фасадни системи т.н. SPRAY BAR или FACADE WATER INTEGRITY TEST се врши со изложувње на површините на услови кои се идентични на силен ветер и обилни дождови. Може да се тестираат поедини делови од фасадата, вертикални сегменти или цели фасади.

Тестирањето на водонепропустливост е еден од основните тестови за проверка на квалитетот и се спроведува согласно EN13051 стандардот.

Повеќе:

pdf download

Влага/протекувања

Една од одомаќинетите заблуди, а е поврзана со многу чест проблем на нашите граѓани, е дека мувлата е резултат на влагата и непроветреноста. Мувлата претставува температурен феномен. На пример, во една просторија каде температурата е 20-тина степени целзиусови, со нормална влажност на воздухот, мувлата ќе се појави само на местата каде температурата на површината ќе биде 11,7 степени Целзиусови. А доколку пак температурата на површините дојде на под 6 степени целзиусови, тогаш доаѓа до кондензација.

Со методата MOLD INSPECTION ги детектираме сите потенцијални места за појава на мувла, влага или конденз, ги откриваме причините за проблемот и ги лекуваме проблемите. Ова го правиме уште пред проблемот да се појави, во текот на изградбата, но и кога веќе постои можеме да го решиме.

При контрола на протекување на вода т.н. WATER LEAKAGE INSPECTION, со помош на апаратура можеме да направиме разлика дали се работи за протекување на вода, или за кондензација. Со оваа метода можеме да ги лоцираме точните места каде водата протекува низ рамните кровни тераси, или низ подрумските ѕидови. Можеме да провериме дали позади стиропорот на фасадата протекува вода и да лоцираме од каде навлегува. Лоцирање на точна локација на пукнати цевки во ѕидови и подови од инсталации за водовод, канализација и греење. И уште многу други проблеми поврзани со водата и кондензацијата.....

ГПР на бетон и арматура

Се врши со исклучително софистицирана опрема која „гледа“ и до 50см низ бетонска конструкција. Со оваа метода можеме да констатираме дебелина на бетонски елементи или пукнатини во бетонот, да лоцираме инсталации, кабли за преднапрегање и арматура, но и да измериме пречник на вградената арматура.

Георадарот - GPR (ground penetrating radar) e еден од основните методи за испитување на армирано-бетонски конструкции, истражување на армирано-бетонски плочи и подземни слоеви во текот на многу години. Со новите мини GPR системи како што е StructureScanтм Mini инженерските задачи за проучување, реконструција и мониторинг се решаваат побргу и посигурно.
GPR технологијата овозможува брзо добивање на слика со висока резолуција (помалку од еден сантиметар) во "реално време ", без притоа да се нарушува или оштетува завршниот слој. За испитување на внатрешна структура на бетонски конструкции се користи GPR антена со високо фреквентни радио бранови - до 1.6 - 2.6GHz . Собирањето на податоци се врши конзистентно, што овозможува на пример едно парче конструкција со големина од 60х60см да се испита за само 15 минути или километри постојано скенирање во текот на неколку часа, што дава можност за изградба на три-димензионални модели на истражуваната средина.

 

 GSSI StructureScanтм  Mini за испитување на армирано-бетонски конструкции се користи главно за следните задачи:

- Испитување на внатрешната структура на армирано-бетонски конструкции

  • Определување на позицијата и длабочината на армирањето или инсталации (кабли и цевки)  во бетон пред било какво сечење или пробивање
  • Пронаоѓање на пукнатини, шуплини и дефекти во бетон
  • Оценка на дебелината и состојбата на плочи и бетонски површини

Придобивките од користење на GPR се:

  • Не се нарушува интегритетот на испитуваните површини
  • Се пристапува само од едната страна на железо-бетонската конструкција
  • GPR технологијата овозможува добивање на податоци во "реално време"
  • Висока брзина на работа и голема деталност на истражуваните објекти