Насока

Цивкон АГИ е градежна компанија која што врз основа на долгогодишното искуство и познавање на приликите на локалниот пазар направи дискурс во својата дејност и од компанија која што е позната по специфичниот и квалитетен начин на градење се надгради во компанија која што е лидер на регионално ниво со воведувањето на услугата т.н. градежна дијагностика. Притоа организационата структира е доволно флексибилна да се прилагоди на сите предизвици и задачи.

 

Опсегот на услуги ги задоволува и најкреативните барања, а тоа го потврдува и листата на задоволни клиенти.

Обезбедуваме врвен производ и услуги во рамките на градењето, градежната дијагностика или home inspection, инженерингот, консалтингот, набавките и имплементирањето на најновите светски технологии и материјали.

Насоката за специјализирање во сферата на проектирање и изведба на пасивни објекти долгo беше она што го издвојуваше ЦИВКОН АГИ од останатите градежни компании во Македонија. Новата услуга по која што брендот дополнително се препознава е дијагностиката на градежните објекти. Тимот составен од инженери и стручни лица со долгогодишно работно искуство овозможија и оваа идеја на компанијата да се оствари.

Но, определбата на компанијата за воведување новитет во изведбата не значи и исклучување на градбата позната и застапена во регионот. За потребите на клиентите вршиме услуги од енергетско ефикасна градба подржана со исклучителна стручност, извонредна услуга и професионален интегритет.