Наши вредности

ЦЕЛ: Oсновна цел na ЦИВКОН АГИ е воведување на нови концепт на градење во регионот кои ќе се темелат на реални показатели на квалитетот на изведбата.
На инвеститорите од Македонија и пошироко да им овозможиме да го дознаат квалитетот на градбата во која што инвестирале уште додека истиот е во изградба.

ВИЗИЈА: Ја почитуваме традицијата на вековното македонско градителство

познато ширум светот и истовремено правиме совршена синтеза со најновите научни дострели.
Затоа нашата визија е:
„Да ги надминеме очекувањата на нашите клиенти за квалитет, испорака, трошоци и цена на чинење преку континуирани подобрувања и интеракција со клиентите“

МИСИЈА: „Да бидеме регионални лидери за инспекција на квалитетот на станбени и комерцијални објекти за потребите на купувачи, продавачи, инвеститори, агенции за недвижност и други заинтересирани страни, обезбедувајќи врвни инспекциски извештаи со континуирано високо ниво на услуги за клиентите, трудејќи се секогаш да бидеме рамо до рамо со иновациите донесувајќи ги до заинтересираните страни, зачувувајќи ја нашата непоколеблива посветеност кон етичност, експертиза и совршенство“.

MOTO: „Дозволете ни да ги заштитиме Вашите вложени средства“