Менаџмент тим

д-р Габриела Крстевска
Континуираната желба за стекнување нови знаења и ширењето на сопствените хоризонти довеле до тоа таа во 2016 година да се стекне со титулата Доктор на науки - Менаџмент стекнато звање при УКИМ - ИСППИ, Скопје.
Предходната титула магистер на науки - менаџмент на човекови ресурси исто така ја стекнува на ИСППИ во 2010 година. Според додипломско образование е дипломиран економист.

Комбинирајќи ги практичното искуство и паралелното континуирано учење, успева да го спои корисното од теориите за менаџментот со реалните случувања и практиките во бизнис светот. Располага со долгогодишно работно искуство од преку 20 години во областа на стратегискиот менаџмент, финансиското раководење, надворешно трговско работење.

м-р Андреј Андреев
Магистер по наука - градежништво, звање стекнато на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје. Дипломиран градежен инженер на истиот Универзитет веќе од 1993 година. Во 1997, на Универзитетот Johan Wolfgang Goethe во Франкфурт-Германија, се стекнува со МБА за Проект Менаџер, а во 2012 се здобива и со престижната диплома за сертифициран инженер за Пасивни куќи, која ја издава Институтот за пасивни куќи во Дармштадт, Германија со што е единствен во државата а и еден од ретките сертифицирани инженери на Балканот.http://www.passivhausplaner.eu/englisch/phplaner/planersuche.php?clandc=1&clandv=Macedonia. Тој е истотака едуциран термограф сертифициран од страна на ITC Training Center, Стокхолм Шведска.
Располага со големо и меѓународно професионално искуство во областа на проектирање, управување и изградба.