Енергетска ефикасност

Енергетската ефикасност во последно време е многу експлоатирана тема и како убава приказна ни се продава на секој чекор, но дали реално ги чувствуваме благодетите врз нашиот џеб и нашето здравје? Дали навистина го добиваме тоа за што сме платиле? Телевизиските реклами и продавачите ве убедуваат, да купувате апарати со А+ или повисока енергетска ефикасност, да ги менувате старите светилки со нискоенергетски, или да ја користите енергијата од сонцето, земјата, ветерот, отпадните канализациони води и др. Toa се сосема оправдани вложувања, доколку прво се намалат доминантно најголемите трошоци во секој објект, а тоа се трошоците за загревање и ладење.