Вентилација

Со оглед на тоа дека барањата за херметично одвојување на внатрешноста од надворешноста се се построги за постигнување на високи степени на енергетска ефикасност, се наметнува барањето за воведување на свеж воздух во објектите. Вентилацијата кај енергетски ефикасните објекти е еден од клучните елементи, бидејки покрај замената на воздухот, треба да обeзбеди и пренос на енергијата од исфрлениот загреaн, на ладниот свеж воздух.
За таа намена се користат системи за вентилација со рекуперација, со високи нивои на ефикасност, a се применува т.н. систем на КРОС ВЕНТИЛАЦИЈА.
Основните критериуми кои треба да ги исполни еден систем за вентилација со рекуперација, за енергетски ефикасни објекти за живеење се:ventilacija
• 20 до 30 м3/час/човекventilacija 2.png свеж воздух
• Балансиран проток на воздух низ каналите за влез и излез
• Влажност на воздухот помеѓу 30% и 60%
• Рекуператор со топлинска ефикасност ƞ≥ 75%
• КПД≤ 0,45 Wh/m3
• Температура на воздухот после рекуператорот ≥16,5оЦ, при надворешна температура од -10 оЦ
• Температура на воздухот во каналите да не надмине 52 оЦ
• Бучавата во машинската просторија да е под 35dB
• Бучавата во помошните простории да е под 30dB
• Бучавата во живеечките простории да е под 25dB
• Полн капацитет на работа и до -15 оЦ надворешна температура
• Висококвалитетни филтри за воздух
• Брзина на движење на воздухот низ каналите да биде ≤ 2м/сек.ventilacija 3