Загуба на енергија

Еден од начините на загуба на енергија од објектите е по пат на кондукција, или поедноставно кажано, загуба на енергија со трансвер на топлината низ обвивката на објектите.
Овие загуби се доминантни и затоа треба уште при проектирањето на објектите да се тежи кон дизајн со што помала површина на обвивката.
Загубите на енергија со трaнсфер на топлина низ обвивката, зависи од повеќе фактори: површината на прозорци, изолационите својства на елементите од обвивката кон земјата и кон воздухот, од кондуктивноста на материјалите од обвивката и од рефлективноста на кровната покривка (за летниот период).

Топлинските мостови можат да учествуваат и до 15% од вкупните топлински загуби по овој метод и заради тоа треба да се обрне посебно внимание да се направи елминирање или намалување на топлинските мостови.

Традиционално во Македонија се смета дека „земјата е одличен изолатор“ и дека кон земјата не е потребна топлинска изолација, што всушност е многу голема грешка. И кон земјата постојат загуби кои се далеку од занемарливи.nergy losses

Што ние можеме да направиме за дијагностицирање на нивото на изолација на сите делови од фасадата, кај веќе изградени објекти (ѕидови, прозорци, стакла, кровови и друго)?

Може ли да се дијагностицираат ТОПЛИНСКИТЕ МОСТОВИ?

Како да се елиминираат топлинските мостови?

Како можеме ние да помогнеме да добиете навистина енергетски ефикасен објект?