Климатски зони

klimatski zoni MKВлезните параметри за секоја пресметка на енергетските загуби и печалби, зависат од климатските услови. Под параметри се подразбираат голем број на податоци, како што се: движењето на минималната и максималната температура низ годината, температурата на земјата низ годината, точките на роса и уште многу податоци.
Климатските услови се делат на макро и микро, па така покрај поделбата која се гледа на мапата, секоја точка од планетата има и микро климатски податоци. Постојат голем број на институции низ светот кои располагаат со релевантни податоци, но главниот извор е NASA.
Од се ова може да се заклучи дека пресметката за изолацијата, видот на прозорците, ориентацијата и другите мерки за енергетската ефикасност, нема да бидат еднакви за две различни локации. worldclimate