Кров

krov 2Со самото тоа што покривот е најизложената површина од обвивката на објектот на атмосферските влијанија, тој е еден од најзначајните елементи на објектите и мора да обезбеди многу функции: водонепропустливост, добро одводнување, прилагодливост на температурни промени, топлинска и звучна изолација и добра воздушна запечатеност. Без разлика дали е кос кров или проодна тераса, без разлика на материјалите од кои е изведен и типот на кровот, тој мора да ги задоволи овие услови.

Додека во развиените земји потпокривните простории се најатрактивни, најбарани и најскапи, кај нас тие се најнепосакувани и постигнуваат најниска цена на продажба. Оние кои живеат или работат во куќи или во потпокривни простории можат да набројат најразлични проблеми со кои се соочуваат и се поврзани со кровот. Но, проблемите од пропустите и грешките во кровот ги чувствуваат сите корисници на објектот, без разлика во кој дел се наоѓаат.

Најочигледен начин да се забележи недоволната изолираност на кровот, или протекувањето на воздух низ кровот, е појавата на мразулци во зимскиот период. Иако убаво изгледаат во зимската идила, мразулците се најочигледниот доказ дека со кровот нешто не е во ред.

Можеби звучи нелогично, но прегреаните поткровни простории за сметка на студените приземни простории во текот на зимата, е уште еден сигурен знак дека со кровот нешто сериозно не е во ред.

Загубите на енергија низ кровот можат да достигнат од 25% па дури до 50% од вкупните загуби на енергија во објектот и токму затоа на кровот треба да му се посвети големо внимание. Од проектирањето, па се до контролата пред вселување на објектот.

Зошто крововите во Македонија се најслабиот дел од градежништвото?

krov 3krov 4