Кон земјата

„Земјата е најдобар изолатор” е само заблуда која опстојува долго време. Вистината е сосема различна, бидејки температурата на почвата, во зависност од длабочината, годишното време и локацијата, може да се движи од 2оЦ до 13оЦ. Секако ова важи за длабочини во кои стандардно се темелат градежните објекти.

Од тука станува јасно дека температурната разлика внарте – надвор, достигнува и до 18оЦ, а тоа е поволна ситуација преку земјата да има големи топлински загуби.Kon zemjata 1

Затоа со стандардите за енергетски ефикасни објекти пропишано е и кон земјата да се поставува топлинска изолација и да се внимава на топлинските мостови. Топлопроводливоста на обвивката кон земјата, за енергетски ефикасни објекти не треба да надмине 0,4 w/(m2K), додека за Passive House стандардот таа вредност не треба да надмине 0,15 w/(m2K).

Како и каква изолација се поставува под објектот и под темелите е предмет на посебна анализа, но заради конструктивни причини треба да се препушти на стручен тим.

kon zemjata 2