Фасадни ѕидови

Фасадните ѕидови се најголемата површина од обвивката на објектот. Токму заради тоа, препорачливо е да биде што поедноставна и со што помала површина. Фасадните ѕидови можат да бида изработени од најразлични материјали и системи, но тоа не ги ослободува од најважните обврски: топлоизолацијата, водонепропустливоста, воздухонепропустливоста и паропермеабилноста.

Загубите на енергија низ фасадните ѕидофи може да достигне и до 35% од вкупните загуби на топлина на објектите. Затоа, колку и да изгледа едноставно правењето на фасадни ѕидови, бара многу знаење, внимание и прецизни детали. Во спротивно, следуваат сите оние веќе добро познати проблеми: мувла, влага, провев, високи сметки за греење и ладење и влошено здравје.

Според препораките, за енергетски ефикасни објекти топлопроводливоста на фасадните ѕидови треба да биде  Uwall≤ 0.35 w/(m2K), додека за Passive House стандардот Uwall≤ 0.15 w/(m2K).