Прозорци

 Прозорците се дел од обвивката на објектите и со самото тоа битни за енергетската ефикасност. Низ прозорците и вратите загубите на енергија можат да достигнат и до 25% од вкупните топлински загуби. Без разлика од кој материјал се произведени рамките на прозорците, доколку се цели кон енергетски ефикасен објект топлопроводливоста на целиот прозорец (комплет со стакло) треба да биде Uw≤ 1,1 w/m2K. За да се постигне Passive House стандардот Uw≤ 0,80 w/m2K.

Но ова се вредности на изолациона моќ на прозорците пред да се монтираат. Монтажата на прозорците исто така е стандандизирана со прописи, со цел да се намали до минимум можно топлинскиот мост на споевите со ѕидот, како и протекувањето на воздух околу прозорците. Па така за  енергетски ефикасен објект топлопроводливоста на монтираниот прозорец не смее да надмине 1,3 w/m2K, додека за  Passive House стандардот под 0,85 w/m2K.

Дихтунг лента за внатрешна странаPDF icon data sheet
Contega SL

Упатство за поставување: PDF icon data sheet
 Contega SL

Дихтунг лента за надворешна страна
Contega EXOPDF icon data sheet

Упатство за поставување: PDF icon data sheet
 Contega EXO

Воздухопропустливоста околу прозорците, на спојот на ѕидот треба да биде апсолутна, или при тестирање на притисок од 50Pa околу прозорците не смее да протекува воздух.

Прозорците се составени од 3 клучни делови: рамка, стаклопакет и механизам за затворање.

Рамката на прозорецот може да биде од различни материјали, или комбинации на материјали. Воопшто не е важно од кој материјал е направена, ниту колку комори има. Важно е да ги задоволи погоре напишаните критериуми за топлопроводливост на прозорецот, но и да обезбеди добро дихтување помеѓу рамката и крилото (две, три или повеќе гуми за дихтување).

Механизмот треба да е визококвалитетен и да го затвора прозорецот во што повеќе точки. Важно е да се напомене дека кај прозорците кои кипаат, доброто забравување на прозорците кога се затворени, секогаш е тешко остварливо.

Стаклото е многу важен елемент од прозорецот. Најдобро е стаклопакетот да биде од тројно нискоемисионо стакло исполнето со аргон (криптон или ксенон), а дистанцерите треба да бидат ПВЦ или силиконски (никако метални).

Топлопроводливоста на стаклопакетот не смее да надмине 1,1 w/m2K за енергетски ефикасни објекти, а 0,8 w/m2K за објекти со Passive House стандард. Уште еден критериум е многу значаен при изборот на стакло за прозорците. Покрај до сега наведените својства, од голема важност е и пропустливоста на светлина на стаклопакетот, или т.н. соларен фактор (g≥ 50%). На овој начин може да се внесе во објектот и до 30% од потребната енергија за загревање, но треба да се внимава од прегревање во летниот период.

Засенчувањето на прозорците и нивната ориентација се исто така многу важни фактори. Засенчувањето може да е природно (растенија, објекти, планини и сл.) или вештачко (разни ролетни, настрешници и сл.). Вештачкото засенчување се користи за летните периоди, а се искористува различниот агол на сонцето во лето и во зима.