Малку термодинамика

Termodinamika 1Кондукција е начин на пренос на топлина низ тврдите тела. Топлината се движи секогаш од потопло кон поладно.

Конвекција е начин на пренос на топлина низ флуиди и гасови. Се одвива преку мешање на топлите и ладните делови.

Зрачење е начин на предавање на абсорбираната топлината од едно на друго тело кога не се во контакт.

Абсорпција е количеството на топлина која едно тело може да ја задржи во себе, како резултат на емисивноста на телото.

Рефлексија е топлината кое едно тело ја одбива од себе, заради својството на рефлексивност.

Трансмисија е енергијата која минува низ едно тело.

Кондуктивност е способноста на едно тело да ја задржи топлината во себе. Колку е поголема кондуктивноста на едно тело, толку е поголема способноста да ја конзервира енергијата. Колку е кондуктивноста помала, топлината побрзо минува низ телото.

Енергетска Класа е класификација на објектите според просечните потреби од енергија за загревање и ладење, по 1м2, на годишно ниво. Согласно оваа класификација поделбата по класи е: A++(0kW/m2a); А+(≤15kW/m2a); A(≤25kW/m2a); B(≤50kW/m2a); C(≤100kW/m2a); D(≤150kW/m2a); E(≤200kW/m2a); F(≤250kW/m2a); G(≤300kW/m2a).

Termodinamika 2

Енергетски Ефикасен Објект е критериум со кој секоја земја наметнува стандард според кој мора да бидат изградени објектите. Овој критериум се дефинира согласно Енергетската Класа на објектот. Најшироко распространето е дека за Енергетски Ефикасен Објект се смета секој објект со класа C(≤100kW/m2a), или повисока. Високо Енергетски Ефикасен Објект е објект со енергетска класа B(≤50kW/m2a), или повисока.

Пасивна Куќа (Passive House) не е куќа, или некаков објект, туку е израз со кој се дефинира ниво на енергетски стандард кај објектите. Тоа е највисокиот економски исплатлив стандард на енергетска ефикасност во светот, означен со класа А+(≤15kW/m2a). Објектите со овој енергетски стандард доминантно ги користат пасивните (бесплатни) извори на енергија за греење и ладење, па така и го добиле своето име. Потребната активна енерегија за загревање на овие објекти не смее да надмине 15 kW/(m2 годишно).

Termodinamika 3EnerPHit Standard е енергетски стандард за стари објекти кои се адаптираат во стандард Passive House. Заради намалување на цената на чинење при адаптација, старите објекти кои се адаптираат, ќе го добијат овој стандард, доколку просечната потреба за енергија за греење и ладење не надмине  25kW/m2 годишно.

Нулта Куќа (Zero House) исто така не е куќа или објект, туку е стандард за енергетска ефикасносткласа A++. Согласно овој стандард не е потребна никаква дополнителна енергија за загревање и ладење на објектите. До сега се изградени неколку експериментални објекти со овој стандард, но се уште економски е неисплатлив и не добил поширока примена.

Топлински мост претставува „слабо“ или воопшто неизолирано место на обвивката на објектот, иако е поставен слој за изолација.

Air Leakage е израз за продор на воздух низ обвивката на објектот, преку што доаѓа до мешање на воздухот надвор и внатре и загуби на енергија по пат на конвекција.

Термална камера (Thermal Camera), или Инфрацрвена Камера (IR Camera) e апарат кој фотогравски ги регистрира количествата на инфрацрвено зрачење од телата, а преку тоа се пресметува температурата.