Што е ПАСИВНА КУЌА

ПАСИВНАТА КУЌА е нешто повеќе отколку само градба со ниска потрошувачка на енергија.PDF icon brochure

  • Пасивната куќа придонесува до заштеда и на 90% енергија споредено со класичните европски градби, и до над 75% споредено со заштедата на енергија кај поновите градби.
  • Преку комбинацијата од воздухонепропусна изолација и високо квалитетните прозорци со тројно застаклување кои што и во зима и во лето одржуваат удобна и изедначена температура во целиот објект, ПАСИВНИТЕ КУЌИ се енергетско најефикасни градби. Нема провев, нема „ладни нозе“, не постојат фуги во зидовите низ кои што се губи енергијата. На скалата на енергетска ефикасност се категоризираат во највисоката А++ категорија.
  • Во однос на нафтата, кај пасивните куќи, употребата на нафта е помала од 1,5 литри потрошувачка на 16квадратен метар годишно, што е неспоредливо помалку од типичните градби со ниска потрошувачка.
  • Постојат слични заштеди на енергија и кај местата со топла клима, каде градбите бараат повеќе енергија за ладење наместо за греење.
  • Пасивните куќи се исто така познати по нивото на комфор кој го нудат. Тие ги користат енергетските извори внатре во градбата, како на пример топлината од станарите или соларната топлина што влегува во зградата, со што затоплувањето е навистина полесно.
  • Посебните прозорци во комбинација со добро изолирани надворешни ѕидови и подна плоча ја заржуваат посакуваната топлина во куќата, а непосакуваната останува надвор.
  • Во Пасивната куќа постои контролирана вентилација која игра една од клучните улоги во овие домови. Системот за вентилација овозможува достава на хигиенски безпрекорно чист воздух, без прав, полен и други честички. Циркулацијата на воздухот почнува со постојана достава на свеж воздух во просториите за дневен престој, спалните соби, детските соби, додека преку кујната, купатилата и тоалетите се извлекува користениот воздух, вишокот на влага и миризбите од просториите во кои што тие настануваа
  • Вентилациониот систем доследно ја снабдува градбата со свеж и квалитетен воздух без притоа да предизвикува непријатна промаја. Уредот за високо ефикасно обновување на топлината дозволува повторно да се употреби истата која се содржи во издувниот воздух.

Големите заштеди на енергија се постигнуваат преку дополнување на стандардното градење со користење на специјални градежни компоненти и квалитетен вентилационен систем.