ГПР на бетон и арматура

Се врши со исклучително софистицирана опрема која „гледа“ и до 50см низ бетонска конструкција. Со оваа метода можеме да констатираме дебелина на бетонски елементи или пукнатини во бетонот, да лоцираме инсталации, кабли за преднапрегање и арматура, но и да измериме пречник на вградената арматура.

Георадарот - GPR (ground penetrating radar) e еден од основните методи за испитување на армирано-бетонски конструкции, истражување на армирано-бетонски плочи и подземни слоеви во текот на многу години. Со новите мини GPR системи како што е StructureScanтм Mini инженерските задачи за проучување, реконструција и мониторинг се решаваат побргу и посигурно.
GPR технологијата овозможува брзо добивање на слика со висока резолуција (помалку од еден сантиметар) во "реално време ", без притоа да се нарушува или оштетува завршниот слој. За испитување на внатрешна структура на бетонски конструкции се користи GPR антена со високо фреквентни радио бранови - до 1.6 - 2.6GHz . Собирањето на податоци се врши конзистентно, што овозможува на пример едно парче конструкција со големина од 60х60см да се испита за само 15 минути или километри постојано скенирање во текот на неколку часа, што дава можност за изградба на три-димензионални модели на истражуваната средина.

 

 GSSI StructureScanтм  Mini за испитување на армирано-бетонски конструкции се користи главно за следните задачи:

- Испитување на внатрешната структура на армирано-бетонски конструкции

  • Определување на позицијата и длабочината на армирањето или инсталации (кабли и цевки)  во бетон пред било какво сечење или пробивање
  • Пронаоѓање на пукнатини, шуплини и дефекти во бетон
  • Оценка на дебелината и состојбата на плочи и бетонски површини

Придобивките од користење на GPR се:

  • Не се нарушува интегритетот на испитуваните површини
  • Се пристапува само од едната страна на железо-бетонската конструкција
  • GPR технологијата овозможува добивање на податоци во "реално време"
  • Висока брзина на работа и голема деталност на истражуваните објекти