Stack effect

stack2Stack effect е феномен во објектите кој го предизвикува движењето на воздухот во и низ зградите, оџаците, лифтовските јадра и др., кој произлегува од потисокот. Потисокот се јавува поради разликата во густината на воздухот во затворените простори, што пак е резултат на температурните разлики и влажноста. Резултатот е позитивна или негативна сила на потисок. Колку е поголема топлинската разлика и висината на објектот, толку е поголема силата од потисокот, а со тоа и Stack effect-от. Stack effect-от е познат и како "ефект на оџак", и помага при функционирањето на природната вентилација, но за жал и за несакана и неконтролирана инфилтрација на надворешен воздух и ширењето на пожарите.stack pozar
Бидејќи зградите не се потполно запечатени (барем минимално, бидејки секогаш постои најмалку еден влез на приземјето), „ефектот на оџак“ ќе предизвика влез на воздух од надвор. За време на грејната сезона, топлиот воздух во внатрешноста се крева низ објектот и на горните нивои и под покривот создава висок притисок, па излегува преку отворени прозорци, вентилациони отвори или ненамерни дупки во таваните, разни пукнатини или погрешно изведени кровови. Движењето на топлиот воздух и неговото напуштање на објектот создава негативен притисокот во основата на зградата, повлекувајќи ладен (и загаден во градовите) воздух низ отворени врати, прозорци или други отвори, околу лошо монтирани прозорци и често пати сосема невидливи пукнатини и отвори во фасадата на објектот. За време на сезоната на ладење „ефектот на оџак“ е обратен, но обично е послаб поради помалите температурни разлики. Малку спротивно од логиката, но заради овој феномен во зимските периоди просториите од повисоките делови се прегреани, а од ниските делови студени. Отворањето на прозорци заради големата топлина во горните нивои, го зголемува „ефектот на оџак“ и проблемите кои тој ги носи: кондензација на местата каде топлиот воздух продира низ кровот или фасадата, ладен и загаден воздух во ниските делови, големи трошоци, нефункционални системи за вентилација, греење и ладење, пренесување на миризби низ објектот, нарушено здравје и намалена работоспособност на корисниците.
Заради ваквите феномени, од исклучително значење е запечатеноста (воздухонепропустливоста) на објектите да биде согласно стандардите за тоа. Особено кај висококатниците и големите по волумен објекти. За таа намена постојат специјални материјали, но потребно е и големо знаење од оваа проблематика, при проектирањето и градењето.

Кај модерните многу високи згради и објекти со многу големи габарити и после направеното добро запечатување на обвивката, Stack effect-от може да создаде значителни разлики во притисокот, и кај такви објекти треба да му се посвети внимание на дизајнот, а не ретко за решавање на проблемот неопходно е да се постави механичка вентилација со регулатори за постојан проток на воздух во каналите.
Запечатеноста на објектите, т.н. воздухопропустливост се мери со Blower Door Test, а местата низ кои протекува воздух се изнаоѓаат со Air Leakage Test.

stack1  stack3

stack effect zima leto