Материјали и опрема

Трудот и работењето го создаваат искуството, а тоа пак помага Цивкон АГИ да создаде широка мрежа на добавувачи и информации од Македонија и странство. Тим на професионалци, со усогласени процедури работат на избор и набавка на градежни материјали и опрема, со цел на клиентот да му заштедиме време и пари.

Застапуваме голем број на производители на различни материјали и опрема, но исклучиво после добро направена анализа и утврдување на високиот квалитет на нивните производи.