Passive House

Пасивната куќа претставува стандард на градење кој е истовремено енергетски ефикасен, комфорен, достапен секому и е воедно еколошки. Називот ПАСИВНА КУЌА не претставува бренд, туку стандард на градба кој може да биде применет на секаков вид на објект. Основната придобивка е ниската потрошувачка на енергија. Единствено градбата која што реално ќе ги исполни условите за потрошувачка на енергија за греење и ладење од максимум 15 kWh/ m2 на годишно ниво, може да се стекне со приматот Пасивна куќа.